Регион ловци

Што се случува на српското небо? Вучиќ ги подигна ловците МИГ-29

Силите за контрола и заштита на суверенитетот на воздушниот простор на Србија, открија дека денеска во 10:39 часот се појавило непознато летало на вистина од 5.500 метри, поради што се подигнати авионите ловци МИГ-29.

Што се случува на српското небо? Вучиќ ги подигна ловците МИГ-29

Силите за контрола и за заштита на суверенитетот на воздушниот простор на Република Србија денеска во 10.39 часот над градот Ваљево, на надморска височина од 5.500 метри, откриле непознат летeчки објект, известува српскиот Б92.

По наредба на претседателот Александар Вучиќ, на должност биле подигнати пар борбени авиони МиГ-29, а ракетни единици за противвоздушна одбрана и радарски средства продолжиле да го следат објектот низ воздушниот простор.

Додека парот авиони се движеле кон зоната на пресретнување, целта се изгубила од радарите. Борбените авиони продолжиле со летот и ја пребарале зоната, според процедурата, за да ја потврдат состојбата.

По пребарувањето на зоната, на авионите им било наредено да се вратат на домашниот аеродром, а останатите сили продолжиле со редовно следење и надзор на воздушниот простор.

To top