Министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ е префрлен од интензивната нега во Петтото одделение на Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија, јавува „Блиц“.
Медиумот објавува дека вчера Дачиќ е префрлен на одделението каде што лекарите продолжуваат да се грижат за неговото здравје.
Дачиќ е во болница од 25 февруари, кога беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија.
Истата вечер, министерот беше интубиран и поврзан на апарати за дишење, а со помош на респираторна поддршка, дишеше до 2 март, кога беше исклучен од респираторот.
Истиот ден кога беше исклучен од вентилаторот, министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи е подобра отколку што била, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.