Протестите се против одлуката на Владата за отворање на приватни факултети, предлог-закон што сè уште не е официјално соопштен и не е доставен во Парламентот.
Во Атина, демонстрациите беа масовни со учество на над 5.000 лица, според полициски извори, а протестот заврши мирно, без инциденти.
Дел од студентите за МИА велат дека предлог-законот на грчката Влада создава „студенти од две категории“, има за цел да го уништи јавното образование и изразуваат страв дека ќе се намали вредноста и важноста на нивните дипломи од државните универзитети.
Со одлука на учениците, голем број средни училишта во земјата денеска се затворени за да можат да учествуваат на протестот.
Студентите, учениците и просветните работници протест одржаа и минатиот четврток, а велат дека ќе нема да се откажат од нивното барање Владата да ја повлече одлуката за приватните факултети и ќе продолжат со демонстрациите.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, минатиот месец соопшти дека создаваат рамка за конечно во Грција да функционираат непрофитни, недржавни високообразовни институции, истакнувајќи дека станува збор за историска реформа во образованието.