Регион Хорор во србија

МОНСТРУМИТЕ ја затрупале со ѓубре малата Данка, а возилото го исчистиле со варикина и се вратиле на депонијата!

Наместо да се обидат да помогнат и да повикаат полиција, тие ја ставиле во багажникот

МОНСТРУМИТЕ ја затрупале со ѓубре малата Данка, а возилото го исчистиле со варикина и се вратиле на депонијата!

Данка Илиќ беше убиена на 26 март кога на неа со автомобил налетале двајца вработени во јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор.

Се работи за двајца мажи С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот. Како што откри главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, тие ја удриле со автомобил, а телото го ставиле во багажникот, и потоа го фрлиле во блиската депонија.

-Со голема брзина налетале на неа и ја убиле. Наместо да се обидат да помогнат и да повикаат полиција, тие ја ставиле во багажникот и ја однеле до депонијата. Ја фрлија таму. Првин ја затрупале со ѓубре за да не се забележи, а потоа го исчистиле автомобилот со крпа натопена со варикина за да ги отстранат трагите од крв, рече Вучиќевиќ и додаде:

„Траги од крв се откриени само со форензичка анализа. Утврдено е дека крвта и припаѓа на малата Данка. Полицијата уште од почетокот имаше индиции дека се случило вакво нешто. Овие убијци постојано се враќале на таа депонија и понатаму го закопувале телото на девојчето. Страшно злосторство, со предумисла. Доказите во оваа истрага полицијата ги добила преку форензичка анализа на траги од крв. Веднаш штом откриле дека крвта најверојатно е на Данка, работниците биле уапсени и го откажале полиграфот. Еден од нив потпишал признание, другиот сè уште се мисли. Најстрого ќе бидат казнети“.

To top