Регион пронајдени повеќе од 40 чаури

МИСТЕРИОЗНО УБИСТВО НА БИЗНИСМЕН ВО ГРЦИЈА: Напаѓачи од возило во движење пукале со калашников и избегале

Медиумите пишуваат дека имало обид за атентат на сопственикот на пумпата во областа Пиреја.

МИСТЕРИОЗНО УБИСТВО НА БИЗНИСМЕН ВО ГРЦИЈА: Напаѓачи од возило во движење пукале со калашников и избегале

Маж (44) е убиен околу 2 часот во ноќта меѓу саботата и неделата пред бензинска пумпа во населбата Нео Космос во Атина, откако бил изрешетан со повеќе од десет куршуми.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, жртвата Б.З. е сопственик на бензинска пумпа и бил во своето возило кога напаѓачите му пришле до неговиот автомобил и го застрелале десет пати со пиштоли и калашникови.

Медиумите пишуваат дека имало обид за атентат на сопственикот на пумпата во областа Пиреја.

Полицајците кои дошле на местото на настанот собрале повеќе од 40 чаури, а истрагата за мотивите на ова убиство продолжува.

Управата за безбедност на Атика води прелиминарна истрага за крвавиот инцидент.

To top