Регион вонредна состојба во Варна

ФОТО: Две лица загинаа во силно невреме во Бугарија со ветер над 100 км/ч

Иако денес временската ситуација во главниот град се смирува, источна Бугарија се уште е изложена на силен ветер кој дува со брзина поголема од 100 километри на час и немирно море со бранови над пет метри.

ФОТО: Две лица загинаа во силно невреме во Бугарија со ветер над 100 км/ч

Две лица загинаа за време на викендот во невремето во Бугарија кое предизвика штети, паднати голем број дрвја и прекин на електричната енергија на брегот на Црното Море.

Во саботата вечерта, 43-годишна жена починала откако била згмечена од дрво во источниот град Варна, соопшти бугарската полиција. Повредени се и двајца спасувачи кога врз нив паднале скршени гранки.

Шеесет и петгодишен возач загина во Софија кога дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓал. Неговата сопруга е хоспитализирана во тешка состојба.

Иако денес временската ситуација во главниот град се смирува, источна Бугарија се уште е изложена на силен ветер кој дува со брзина поголема од 100 километри на час и немирно море со бранови над пет метри.

Крајбрежниот град Варна прогласи вонредна состојба, како и осум други градови во регионот, а жителите беа замолени да останат дома.

Снежен хаос владее и на североистокот од земјата, каде полицијата добила десетици повици од возачи во неволја. Авионскиот и железничкиот сообраќај беа прекинати.

Истото невреме ја погоди и соседна Романија. Таму црноморските пристаништа се затворени за пловидба.

Метеоролошката служба издаде највисоко црвено предупредување за провинциите Констанца и Тулчеа.

Без струја останаа десетици илјади домови, а пожарникарите отстранија 140 дрвја кои паднале на патот. Оштетени се и четириесетина возила.

To top