Сите кои оваа година сакаат да летуваат во Грција, поточно во Солунскиот регион и на Халкидики, треба да се подготват за метеж.
Околу Солун почна да се работи на обиколницата, која веќе предизвика потешкотии во сообраќајот.
Многумина кои годинава планираат да летуваат на некој од трите краци на Халкидики, или на потегот од Солун до Касандра (првиот крак), „слушаа“ дали ќе започне изградбата на обиколницата околу Солун, што може сериозно го комплицираат пристапот до омиленото одморалиште.
Како што објави порталот „Грчка инфо“, во тек се крупни работи на проектот „Flyover“ кој се изведува на обиколницата околу Солун, а според информациите градежните работи ќе траат околу четири години, а можеби и подолго.
„Гужвите на обиколницата започнаа сериозно, па можно е на туристите да им треба малку повеќе трпение на овој дел од патот, особено на оние кои ќе летуваат на Халкидики, но и на другите кои планираат да го посетат Солун во текот на нивниот одмор“, наведува овој портал.
„Добро размислете дали одите преку обиколница, или преку Солун… Ако е сега вака, како ќе биде во екот на сезоната??“ – коментираат на Фејсбук страната „Грчка инфо“.
Порталот посочува дека извесен период алтернатива на обиколницата, како и во минатото, ќе биде да се оди преку индустриската зона и центарот на градот, на улиците Игнација или Никис покрај море.
Се посочува дека засега треба да се избегнува преминување на обиколницата во шпиц – наутро во периодот од 7 до 10:30 часот и попладне од 15 до 19 часот.
„Иако во моментов се гради само мал дел од патот, тоа не ги спречува огромните редици и сообраќајниот метеж кои предизвикуваат голема нервоза кај возачите. За околу четири години, со проектот „Flyover“ Солун ќе добие нов автопат, кој ќе придонесе за решавање на проблемот со сообраќајот во градот. Сегашната солунска обиколница е долга 31 километар.