Регион ЕК

Бугарија и Романија лани имале најголем удел во сообраќајки со смртни последици во ЕУ

Комисијата забележува дека во Бугарија во периодот од 2022 до 2023 година има намалување на бројот на загинати на патиштата, но истовремено е намален и бројот на населението, што доведува до полоши статистички резултати. Минатата година на патиштата во ЕУ загинаа вкупно околу 20.400 луѓе, што е намалување за еден процент во однос на 2022 година.

Бугарија и Романија лани имале најголем удел во сообраќајки со смртни последици во ЕУ

Минатата година Бугарија и Романија имаа најголем процент на сообраќајни несреќи со фатални последици во ЕУ, покажуваат денеска презентираните податоци од Европската комисија. Овој удел за Бугарија е 82 жртви на милион жители, а во Романија – 81 на милион жители, јави БТА.

Комисијата забележува дека во Бугарија во периодот од 2022 до 2023 година има намалување на бројот на загинати на патиштата, но истовремено е намален и бројот на населението, што доведува до полоши статистички резултати. Минатата година на патиштата во ЕУ загинаа вкупно околу 20.400 луѓе, што е намалување за еден процент во однос на 2022 година.

Во споредба со податоците од 2019 година, ЕУ забележа намалување од 2.360 смртни случаи (10 проценти), но не е забележано намалување во Шпанија, Франција и Италија. Зголемување е забележано во Ирска, Латвија, Холандија, Словачка и Шведска. Во изминатите четири години, Белгија, Чешка, Данска, Унгарија и Полска се приближија до исполнување на целта за намалување на смртните случаи и сериозните повреди на патиштата за 50 отсто до 2030 година.

Најбезбедни патишта во ЕУ се во Шведска (22 смртни случаи на милион жители) и Данска (27 на милион жители). Просекот на ЕУ е 46 смртни случаи на патишта на милион жители.

За 2022 година, вкупно 52 отсто од сообраќајните жртви се случиле на руралните патишта, 38 отсто во градските средини и девет отсто на автопатите. Над две илјади велосипедисти загинаа во 2022 година, а оваа група учесници во сообраќајот не забележа значителен пад во последната деценија.

Три од секои четири смртни случаи на патиштата (77 отсто) се мажи, покажуваат податоците. За лицата постари од 65 години, ризикот да бидат повредени на патиштата е поголем и тие сочинуваат 29 отсто од сите смртни случаи на патиштата, додека тие се 21 отсто од европската популација. Младите на возраст од 18-24 години отпаѓаат на 12 отсто од смртните случаи на патиштата и се седум отсто од населението.

При патување со автомобил (возачи и патници) повредени се 45 отсто од сите загинати, додека пешаците се 18 отсто, возачите на мотоцикли и мопеди се 19 отсто, а велосипедистите се 10 отсто. Во урбаните средини, ранливите учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти и корисници на моторни возила на две тркала) сочинуваат речиси 70 отсто од вкупниот број на смртни случаи.

Во 2018 година, ЕУ постави цел да ги преполови смртните случаи на патиштата до 2030 година, забележува ЕК.

To top