Регион се чека РИК

Брнабиќ: Формирање Влада откако РИК ќе се изјасни дали некаде ќе има прегласување

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека влада ќе се формира дури откако Републичката изборна комисија (РИК) врз основа на приговорите ќе се изјасни дали, каде и кога треба да се повторат изборите на некои избирачки места.

„Во Собранието ќе имаме голем број пратеници кои ќе гарантираат да не ни треба никој друг за формирање влада, многу повеќе од 125. Но партијата, во консултација со претседателот на државата Александар Вучиќ, ќе одлучи како понатаму ќе течат разговорите за формирање на владата“, рече Брнабиќ на 20 декември.

Таа оцени дека изборната листа „Србија не смее да застане“ постигнала „историски триумф“ и дека „се покажа колкава почит ужива Вучиќ од граѓаните“, пренесува Бета.

Според Брнабиќ, нејзината влада не престанува да работи и за време на техничкиот мандат, бидејќи може да направи сè освен да предлага закони, па така продолжила со реализација на планираните проекти.

По изборите во неделата, на на покана на најголемата опозициска коалиција, демонстрантите протестираа две ноќи по ред пред седиштето на Републичката изборна комисија (РЕК) во центарот на Белград, барајќи поништување на изборите во главниот град.

Такво барање до РИК еден ден претходно поднесе и коалицијата „Србија против насилство“, тврдејќи дека победата на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Белград е резултат на изборна кражба.

Граѓаните на Србија на 17 декември гласаа на парламентарни, покраински и локални избори во 65 градови и општини.

СНС прогласи победа на сите нивоа.

To top