Регион србија

Брнабиќ утре ќе распише локални избори

Изборите ќе бидат распишани за градовите и општините каде што не се одржаа на 17 декември 2023 година, јави Бета.

Брнабиќ утре ќе распише локални избори

Претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ утре претпладне ќе распише локални избори, соопштија од нејзиниот кабинет.

Изборите ќе бидат распишани за градовите и општините каде што не се одржаа на 17 декември 2023 година, јави Бета.

Со цел тие избори да се одржат на 2 јуни заедно со изборите во Белград, Собранието претходно го измени Законот за локални избори што беше договор меѓу власта и дел од опозицијата, додека другиот дел од опозицијата донесе одлука да не учествуваат на изборите бидејќи сметаат дека нема услови за нивно одржување.

To top