Регион страшно

Анализата во Хрватска покажа дека труењето со пијалок е од средство за чистење

Извештајот од наодот од вештачењето покажува дека засега има само еден докажан случај на лице кои има повреди односно оштетување на хранопроводот предизвикан од хемикалии. Ваквото труење е предизвикано од алкална течност. Министерот Берош ги повика граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки и на ширењето паника и страв.

Анализата во Хрватска покажа дека труењето со пијалок е од средство за чистење

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош денеска посочи дека во газираниот пијалок од кој се отру едно лице од Риека можно е да било ставено средство за чистење, пренесува Индекс.хр.

Извештајот од наодот од вештачењето покажува дека засега има само еден докажан случај на лице кои има повреди односно оштетување на хранопроводот предизвикан од хемикалии. Ваквото труење е предизвикано од алкална течност. Министерот Берош ги повика граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки и на ширењето паника и страв.

Резултатите од вештачењето на течноста во чашата, од која пиела повредената личност се идентични со физичко-хемиските својства на течноста од шишето на безалкохолниот пијалок која му е послужена во кафулето во Риека.

„Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се заклучи дека се работи за некое средство за перење или одмастување“, го прочита хрватскиот министер за здравство извештајот од вештачењето.

Тој тврди дека станува збор за изолиран случај, додавајќи дека криминалистичкото истражување на хрватските власти е во тек.

Од компанијата „Кока Кола Хрватска“ вчера потврдија дека дознале за случајот на труење со нивна минерална вода во кафуле во Риека, што резултирало со оштетување на хранопроводот предизвикан од хемикалии кај едно лице. Тие велат дека ова е изолиран случај и дека се отворени за соработка при истрагата поврзана со труењето.

„Свесни сме за изолиран инцидент поврзан со пијалакот Ромеркеле. Ја изразуваме нашата длабока загриженост и надеж за брзо и целосно закрепнување на лицето вмешано во овој случај. Ние сме целосно отворени за соработка со сите надлежни органи“, изјавија од „Кока Кола Хрватска“.

To top