Вести

Паличка се повреди на мечот со Словенија

Паличка се повреди на мечот со Словенија

Андреас Паличка се пожали на повреда. Според шведските медиуми станува збор за повреда на палецот на ногата, која настанала по удар.

Паличка мораше да ја ублажи болката со облога од мраз, но според информациите не станува збор за сериозна повреда.

„Патиките беа тесни, па малку отече. Морав да го намалам притисокот и затоа седнав на клупа да подржам мраз. Мислам дека не е сериозно. Тоа е она што се случува. Можно е да има мало истегнување, но мислам дека ќе се реши до следниот меч“, изјавил голманот на Шведска.

Најнови вести од Вести

To top