Вести ракомет

Митев: И Германија има слаби страни, ќе се бориме

Ракометарите на Македонија се насочија кон натпреварот со Германија во рамките на второто коло на Европското првенство. По поразот од Французите во првата рунда, следи дуел со домаќинот кој има високи амбиции.

Во пресрет на дуелот пред првиот тренинг во „Мерцедес-Бенз Арената“ своите очекувања ги изнесе средниот бек Марко Митев.

Пред се ќе биде навистина тешко, тие се домаќини и ги сметаат како фаворити. За нас сметаат како аутсајдери, па ни останува да се бориме и на теренот да дадеме максимум до последната секунда. Почнавме со анализите, имаме уште два дена за подготовка. Има и Германија слаби страни, ќе се обидеме да го искористиме тоа и да играме. Германците имаат квалитетна одбрана и голмани. Против Швајцарија ден имаа и нивните голмани, не мора да значи дека ќе биде така и против нас. Ќе се бориме да го смениме тоа. Само со работа може да се достигнат целите, изјави Митев.

Време за подготовка има доста, уште два цели дена за тренинг, а потоа в недела вечерта е закажан дуелот во Берлин.

Најнови вести од Вести

To top