Македонија Off.net

Започна сезоната на предизборен поткуп? Власта „чести“ пред избори, колкав ќе биде цехот?

Сведоци на настанот обвинуваат дека вака се врши предизборен поткуп кај граѓани.

Започна сезоната на предизборен поткуп? Власта „чести“ пред избори, колкав ќе биде цехот?

Порталот off.net обави фотографии кои ги доби од свој читател, на кои јасно се гледа дека висок партиски член и функционер, носи пакети со разни намирници до граѓаните. Сведоци на настанот обвинуваат дека вака се врши предизборен поткуп кај граѓани.

Според очевидец, во пакетите кои Стефан Богоев, актуелен директор на Царина и поранешен градоначалник на Карпош, ги носи на граѓаните има шеќер, сол, кафе…

Еве го писмото кое го пренесе off.net:

Поздрав Трендо,

СДС со Стефан Богоев, ПР-снимателка (со моб тел) И 3-4 пајташи кои позади нив носат пакети, ја почнаа кампањата за “ЕВРОПСКА ИДНИНА НА СЕВЕРЏАНИЈА”!!!

Шеќер, сол, кафе и останати “европски вредности, намирници и зарзавати”, беа донесени со возила и делени од врата на врата, денес на пладне, во Капиштец, Васил Ѓоргов 29-влез 1.

Јако, прејако… ЕПТЕН ЕВРОПСКИ!!!

На порталот можете да ги погледнете и фотографиите.

Најнови вести од Македонија

To top