Македонија возете внимателно

За време на викендот се најавуваат обилни врнежи снег, од „Македонија пат“ апелираат да се вози внимателно

По најавата на УХМР дека следните денови се очекува значителна промена на времето со обилни врнежи од снег и ниски температури, ЈП „Македонија пат“ апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат законскaта одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

За време на викендот се најавуваат обилни врнежи снег, од „Македонија пат“ апелираат да се вози внимателно

Како што наведува ЈП „Македонија пат“, возачите треба да имаат и топла облека во своите возила, како и полни резервоари со гориво.

Службите ќе бидат постојано на терен, во потполна подготвеност и ќе ги одржуваат сите патни правци да бидат проодни.

-Во текот на престојните денови, од 19.01.2024, до 21.01.2024 (петок, сабота и недела), согласно временската прогноза од УХМР се очекува значителна промена на временската состојба во државата – обилни врнежи од снег и ниски температури проследени со појава на северен ветер. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината спрема условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво, наведува ЈП „Македонија пат“.

Најнови вести од Македонија

To top