Македонија минирање на патот

Времен прекин на сообраќајот од селото Ветуница до мостот на реката Блидеш

Од 12 до 16 часот денеска на потегот од селото Ветуница до мостот на реката Блидеш ќе има времен прекин на сообраќајот.

Времен прекин на сообраќајот од селото Ветуница до мостот на реката Блидеш

Причина за прекинот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е минирање на патот за изградба на делницата Длабочица-Чатал од експресниот пат А2.

Патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин до расчистување на магистралниот пат.

Најнови вести од Македонија

To top