Македонија Осветени води на базенот „Расадник”

Водици во Кисела Вода: Светиот крст го фати Давид Мелоски

Ова е трето положување на Богојавленскиот крст откако Општина Кисела Вода, ја возобнови традицијата по иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Водици во Кисела Вода: Светиот крст го фати Давид Мелоски

Празникот Водици беше најсреќен за 21-годишниот Давид Мелоски од Црниче кој денеска, меѓу педесетина други верници, успеа да го фати Богојавленскиот крст од осветените води на базенот “Расадник”.

-Многу сум среќен и очекувам здравје, среќа и бериќет оваа година, не само за мене, туку за сите-изјави најсреќниот Мелоски кој првпат решил да учествува на манифестацијата за положување на Светиот крст. Честитки доби од сите присутни, кои и овој пат беа во огромен број, како и од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Од него тој доби парична награда, а награди беа обезбедени и од поголем број на општествено одговорни компании.

– Mу честитам на најсреќниот Давид Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство, а ние заедно со неколку општествено одговорни компании се потрудивме да го запамети овој ден и по повеќе награди. Му благодарам и за големиот гест на овој исто така голем ден, наградите да ги донира на оние кои имаат вистинска потреба. Воедно, им се заблагодарувам на сите кои денес најпрво беа дел од литијата што започна од храмот “Св. Ѓорѓи”, се заблагодарувам на свештенството од двата храма, ‘Свети Ѓорѓи” и “Света Петка”, кое го предводеше овој убав настан во духот на нашата вера и традиција и на КУД ,,Китка” кои со својата песна овозможија настанот да има уште потрадиционална и посвечена нота, им честитам на сите скокачи кои имаа храброст и се обидоа да го извадат Светиот Крст од водите. За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа. Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Ова е трето положување на Богојавленскиот крст откако Општина Кисела Вода, ја возобнови традицијата по иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. И оваа година, манифестацијата започна со божествена литургија во храмот Св. Ѓорѓија, од каде потоа градоначалникот Ѓорѓиевски со Богојавленска литија заедно со свештенството, придружувани од КУД “Китка” и многу други верници, се упатија кон базенот “Расадник”.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top