Македонија ИЗБОРИ 2024

Во Тетово до 15 часот за претседател- 21,31 проценти излезеност, за пратеници- 37,01 отсто

Во Тетово до 15 часот за претседател- 21,31 проценти излезеност, за пратеници- 37,01 отсто

За претседател до 15 часот во општина Тетово гласале 21,31 отсто од избирачите или 17.818 од вкупно 86.405 лица во избирачкиот список. По општини во руралниот дел од тетовското подрачје – до 15 часот во Теарце излегле 15,76 отсто, Јегуновце – 23,44 проценти, Желино – 11,60 отсто, Брвеница – 23,57 проценти и во Боговиње – 7,95 отсто.

Правото на глас за избор на пратеници во општина Тетово го искористиле 31.000 од 86.550 граѓани или 37,01 отсто. До 15 часот за пратеници, во руралните тетовски општини – во Теарце излегле 31,15 отсто, Јегуновце – 31,52 проценти, Желино – 26,52 отсто, Брвеница – 29,63 проценти, а во Боговиње – 24,62 отсто.

Најнови вести од Македонија

To top