СДС повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија. СДС без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Јавноста добро памети дека Заев и Филипче одеа на настани во Македонија со државен хеликоптер. ДУИ, пак, владиниот авион го користеше и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена.
Заев и Филипче летаа од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка.
Зоран Заев со Венко Филипче и Јагода Шахпаска со хеликоптер на МВР леташе до Прилеп на означување почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка среде пандемија.
Заев и Филипче, наместо за борба против ковид-19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп.
Заев и Филипче ги злоупотребуваа државните ресурси имајќи предвид дека едно летање на хеликоптерот чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали.
СДС, наместо демагогии и лаги, да понуди идеи и конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и државата.
Врeмето на недомаќинско работење како во времето на СДС заврши.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа што носи резултати за подобар животен стандард на граѓаните.