Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се борат за контрола на судството поради заштита на крупниот капитал стекнат на криминален начин

СДС и ДУИ го партизираа судството, функционерите на СДС и ДУИ ги злоупотребувале функциите од позиција на политичка моќ поради сопствени лукративни причини, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Борбата на СДС и ДУИ е борба за контрола на судството, за заштита на крупниот капитал кој што го стекнале на криминален начин.

Корупцијата, партизацијата, непотизмот, кронизмот како и протекционизмот цветаа во време на СДС и ДУИ, додека довербата во судскиот систем беше 2 %, а владеење на правото и правдата за СДС и ДУИ ниту како поим не постои.

Доказ за тоа е Артан Груби, тоа го кажува објаснувањето на Американскиот Стејт департмент за неговото ставањето на црната листа. Груби влијаел врз судски процес и за тоа земал мито.

Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ, за лично да се богати од мито и корупција.

Таквото делување е синоним за начинот на работа на СДС и ДУИ. Делувањето на СДС и ДУИ и нивната борба за власт под превезот за демократија, владеење на правото и правдата е всушност борба на СДС и ДУИ за заштита на нивните функционери од криминалните активности и заштита на крупниот криминал стекнат на коруптивен и криминален начин.

СДС и ДУИ се разоткриени, за таквото делување одговорност мора да има.

Времето на „како до сега’’ заврши.

Време е за сериозна борба против криминалот и корупцијата.

Време е за системски решенија за трансформација на судските органи во независни, транспарентни и одговорни субјекти.

Време е за демократија, владеење на правото и правдата во Македонија, стои во соопштението на владејачката партија.

Најнови вести од Македонија

To top