Македонија Корупцијата 7 години метастазира

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема никаков напредок во борбата против корупцијата, измените на КЗ, партизација и притисокот во правосудството кое го прават ДУИ и СДС се главна пречка

„Во Македонија никогаш не било полошо, отколку сега со власта на ДУИ и СДС. Затоа е важно да ги поразиме“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема никаков напредок во борбата против корупцијата, измените на КЗ, партизација и притисокот во правосудството кое го прават ДУИ и СДС се главна пречка

СДС и ДУИ се 7 години власт во Македонија, а корупцијата 7 години метастазира. Тоа го покажува и последниот извештај на Транспаренси Интернешнл кој Македонија ја рангира на ниво на Тринидат и Тобаго и Молдавија, односно на 76 место. Патем со 42 индексни поени, Македонија во изминатата година не направила речиси никаков напредок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Она кое што го лоцираат во извештајот е дека со измените на Кривичниот законик се создала пречка во ефективната борба против корупцијата. Но, што да се очекува од една корумпирана власт како оваа на ДУИ и СДС, освен да ја опструира борбата против криминалот. Малку им беше тоа, па извршија и сериозна партизација и притисок во правосудството, кое го донесоа до ниво од само 1% доверба меѓу граѓаните. Овој неславен рекорд покажува дека за да се осигураат дека нема да одговараат, високите функционери од ДУИ и СДС ги вдомија своите роднини и партиски пријатели во судството и обвинителството, за да може да им „врви бизнисот“. Впрочем за состојбите и во судството и во полето на борбата против корупцијата најдобар показател е извештајот на ЕК, кој прави целосна вивисекција на криминалната власт на ДУИ и СДС, се наведува во партиското соопштение.

„Во Македонија никогаш не било полошо, отколку сега со власта на ДУИ и СДС. Затоа е важно да ги поразиме“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top