Македонија СДСМ-СЈО

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанчева стана фабрика за рекет, уценетиот Јакимовски одработи за заташкување на случајот пред судството на СДС, но не се спаси од црната листа

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сите кадри на оваа коалиција завршуваат на црнста лица на срамот и криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанчева стана фабрика за рекет, уценетиот Јакимовски одработи за заташкување на случајот пред судството на СДС, но не се спаси од црната листа

Железната тупаница на СДС и ДУИ за политички прогон врз неистомислениците Катица Јаева стана фабрика за рекет. Проектот на СДС-СЈО се претвори во најкриминалната лакрдија овие над 3 децении независност. Ја редеа на маици СЈО, сега таа заврши на црната листа за криминал на САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од друга страна неформалниот коалиционен партнер на СДС, Стевчо Јакимовски кој требаше да прави политички конфликти само за да се спаси од судските случаи кои ги отворија против него, на крај спасувајќи се од судските процеси, не се спаси од црнста листа за криминал на САД. Овие две лица се вмешани во високата корупција во Македонија. Нема дилеми дека СДС заедно со ДУИ е фабрика за криминал, корупција и производство на манипулации, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сите кадри на оваа коалиција завршуваат на црната лица на срамот и криминалот.

-Од друга страна симтоматично е што за овие луѓе нема сериозни процеси затоа што власта им го амнестира криминалот. Јасно е дека време е за промени, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести од Македонија

To top