Македонија Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е баронот кој ќе го гледа Скопје од хациендата на Водно додека народот нема за лекови

Од ВМРО-ДПМНЕ велат: „Време е народот да си ја врати државата. Македонија повторно твоја“.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е баронот кој ќе го гледа Скопје од хациендата на Водно додека народот нема за лекови

Александар Николоски работи од својата 14-та година, за разлика од Венко Филипче кој не знаеме како го стекнал своето богатство. СДС и Пендаровски да го прашаат Филипче како се купува Ауди Q8 од 250.000 евра, пред да зборуваат кој што работи или заработил, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче е баронот кој ќе го гледа Скопје од хациендата на Водно, како да живее во Западно Европски замок. И сето ова се случува откако Филипче беше министер за здравство и го фативме на дело како договара провизија за вакцини преку фирма од Хонг Конг за јужно овошје. Додека пациентите немаат пари да си купат лекови Филипче се богати, а никој не знае како. СДС и Пендаровски треба да го прашаат Филипче како се стекнува толкав имот, а по избори и сам ќе треба да одговори, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат: „Време е народот да си ја врати државата. Македонија повторно твоја“.

Најнови вести од Македонија

To top