Денеска 20.11.2024 година (среда) по повод Светски ден на детето во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Македонија во Свечена сала ќе се одржи владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите ќе разговараат за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.
По завршување на настанот во 12:30 часот прес-конференција во Медија центарот ќе одржи премиерот Мицкоски.