Македонија По предизборната одлука

Владата му се одмаздува на Таравари: Разрешени директори кои биле негови приврзаници

ТВ Клан објави дека дознава од владини извори дека се разрешени Бујарe Абази од функцијата директорка на Пошта на Македонија и Газменд Абдија, од позицијата директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Владата му се одмаздува на Таравари: Разрешени директори кои биле негови приврзаници

На денешната седница на Владата била донесена одлука за разрешување на двајца директори од редовите на Алијанса за Албанците и двајцата приврзаници на лидерот Арбен Таравари.

ТВ Клан објави дека дознава од владини извори дека се разрешени Бујарe Абази од функцијата директорка на Пошта на Македонија и Газменд Абдија, од позицијата директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Абази е потпретседателка на Алијанса за Албанците и таа на Таравари му изрази поддршка партијата да ѝ се приклучи за изборите на опозициската коалиција на Албанците.

Абдија пак, е претседател на гостиварскиот огранок на Алијанса за Албанците.

Одмаздата доаѓа откако претседателот на АА, Арбен Таравари најави дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција.

-Верувајќи непоколебливо во моите колеги партиски членови и во нашата заедничка визија, барам доверба дека Алијансата за Албанците ќе влезе во изборна трка со албанската опозиција, а заедно ќе го направиме најдоброто за оваа држава!, напиша во саботата Таравари на својот официјален фејсбук профил.

Тој исто така побара поддршка од Централното собрание за оваа одлука.

Најнови вести од Македонија

To top