Од Дубаи денес се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток. Претходно беа реализирани и летови од Шарм Ел Шеик и Ријад.
Од МНР информираат дека летот е предвидено да слета попладнево на Меѓународниот аеродром во Скопје. Пријавени се вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странски државјани.
-Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија нагласува дека безбедноста на граѓаните е највисок приоритет, што се потврдува и со фактот дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразија интерес за враќање во земјата е целосно завршена.