Македонија бисерот на скопје

ВИДЕО: Багери влегоа во Вардар, се чисти коритото на реката

Покрај речното корито, екипите на јавните претпријатија работат координирано на расчистување на пешачките и велосипедските патеки долж кејот.

ВИДЕО: Багери влегоа во Вардар, се чисти коритото на реката

Град Скопје започна темелна акција за чистење на коритото на Вардар.

– Ова е чекор кој со години наназад недостасуваше за нашето најпрепознатливо природно обележје, на кое сите сме исклучително горди. Акцијата опфаќа целосно расчистување на коритото, долж течението на Вардар на територија на град Скопје, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Покрај речното корито, екипите на јавните претпријатија работат координирано на расчистување на пешачките и велосипедските патеки долж кејот.

-Сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно заминува во минатото. Ова нема да биде еднократна активност, туку трајна практика која ја започнавме од моето стапување на функцијата градоначалник. Кејот се одржува и чисти секојдневно, затоа што скопјани, но и сите гости на нашиот град, заслужуваат убава, уредена и чиста метропола, вели Ѓорѓиевски.

Градоначалникот апелираше до граѓаните на одговорно однесување кон животната средина.

To top