Македонија бојкот на наставата

В.д. директорката на ООУ „Тодор Јанев“од Чашка во полиција пријавила напад од жител од населбата

Во Полициската станица во Велес, вчера во 13.30 часот, в.д директорката на ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка, Елена Николова (53), пријавила дека утрото пред влезот на училиштето каде се одржувал јавен собир на група на граѓани, била физички нападната од едно лице.

В.д. директорката на ООУ „Тодор Јанев“од Чашка во полиција пријавила напад од жител од населбата

Како што денеска информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку веќе четвртта недела родителите на учениците поддржани од жителите и наставниците ја бојкотираат наставата ,а децата седат дома,тие имаат единствено барање до МОН да ја укине новоформираната паралелка на албански наставен јазик, а четирите првачиња да се вратат на настава со своите другарчиња Македонци со кои учеа заедно од 1 септември. Се жалат дека директорката Николова одбива да разговара со нив, а тие не и дозволиле да влезе во училиштето, информираат за МИА од Советот на родители. Како што појасни Цвета Пешовска родител и член на Советот на родители, директорката Николова сепак во два-три наврати од родителите била пуштена во училишната зграда. Според Пешовска, директорката и самата влегувала во училишната зграда уште рано во 5 часот наутро, пред во дворот да дојдат родителите на мирен протест.

В.д директорката Елена Николова денеска не се појавиле во дворот на училиштето, информираат од Советот на родители.

Најнови вести од Македонија

To top