Македонија најави за дожд

Утре сончево и релативно топло, викендов промена на времето

За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Утре сончево и релативно топло, викендов промена на времето

Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со умерена облачност и со умерен, наместа засилен јужен ветер. За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Како што најавуваат од управата за хидрометеоролошки работи, во сабота ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Времето денеска сончево, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Времето во Скопје претежно сончево со слаб ветер од јужен правец, со температура до 16 степени целзиусови.

To top