Македонија Колумни ТАЈНИОТ ЦРПКОВ ПЛАН ЗА СТЕЧАЈ НА СДС

Урнебесниот план на Заев: СДС соколи и шмркаџии на кокаин за мигрантите на Венко да станат реалност?!

Така што, драги мои, ништо не е случајно кај Филипче. Се’ напротив, е длабоко смислено и обмислено. До точка и запирка, велат. Повторно, од кој друг ако не од Црпко Муртинхаузен.

И така, Венко, за промена и за сефте, првпат кажа вистина. Да, мигранти ќе има, дефинитивно. Илјадници. Со „новото“ раководство како ултра-катализатор тој, всушност, го забрза и нивното доаѓање.

Добро позната е и рутата на мигрантите. Ништо веќе не е тајна.

Ќе мигрираат од СДС во ЗНАМ и Левица. „Камповите “партиски веќе биле спремни, членските карти исто. Максим и Димче со раширени раце ги чекале МИГРАНТИТЕ од СДС.

Урнебесниот план на Заев: СДС соколи и шмркаџии на кокаин за мигрантите на Венко да станат реалност?!

Таман мислевте дека СДС го допре дното, Венко „оптимистички“ покажа дека може да одат подолу. И подолу. И подолу…

И замислете, ништо не било случајно, колку и да изгледа стихијно, хазардерски и крајно ступидно. Ова не е акт на полтичка камиказа, никако. Се’ да ти било со однапред осмислен план. Ама, до детали…

Се сеќавате дека кога Заев ја „водеше“ СДС мислевте дека е најдно? Тогаш, се појави неговиот прв пик на драфтот Таче, па видовме дека можело и полошо. Е, за да тој не биде шампион и најкрш „прецедник“ на СДС Титаник, се погрижи Филипче, вториот пик на драфтот на Црпко. Дно дна, велат северните соседи на насила северизираната држава, арно ама, тоа не е се’. Најбезвезното штотуку следува, отворете ги очите и начулете ги ушите, ваков Летечки циркус нема ниту Монти Пајтон.

Не е случаен ниту изборот на криминалниот Сокол ниту востоличувањето на ајванот на Фрчко, суртук кој шмркаше кокаин по бироата на Бихаќка, башка со слика башка со признание дека го сторил тоа. Се’ да ти било дел од комплексното стечајно сценарио под шифра „НОВА СИЛА“ на СДС.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Ќе помислите дека се инфантилни и се зезаат со партијата или дека сите во врхушката на СДС се на нешто, па ваква глупост и безобразие не им пречи?!?! Јок, Заев има план…

Ок, од друга страна барем дознавме и зошто Фрчко Сениор толку запенавено го бранеше Филипче и му се упикуваше. Велат, еднаш дури и го извадиле дотичниот при една лидерска клистрација. И ете, вредеше, си обезбеди политичка кариера за несташното синче кое, велат, по грешка ги исшмркало и Црвените линии за Бугари во Устав на Венко. Конечно, јасно е зошто не стигнаа до собрание. Во мракот не видел дека не се бели, па си го направил она што најдобро го прави. И толку од линиите, црвени. Гледате дека има многу придобивки од обелоденувањето на „новото“ раководство? А мислевте дека Филипче прави глупости, нема врска, се’ да ти било поучно и „врло“ интелигентно осмислено.

Сфативте и чуму лузерот Жерновски толку се пенавеше за Венкота, како и тоа дека Филипче имал силна моќ на убедување. Да, којзнае што требало да направи за да врати една таква прекрасна, смирена и харизматична жена како Чупеска, која кога станува се мрази себеси, а кога легнува целиот свет. Многу позитивен потег на Венко, кој ќе внесе огромен позитивизам во СДС јатото и ќе го крене моралот на крајно деморализираното членство, ашколсун. Уште еден одличен, промислен потег.

Нова да ти била и Фани Сорос. Што е право, сменила гардероба и фризура, сосема друг човек, исто како и 90 насто од старо-новите СДС челници кои помеѓу „оставката“ и „новата“ функција можеби успејале да сменат и НОВ долен веш.  Знаете, Фани кога влезе минатиот пат самата призна дека знаела едвај тројца сдсмовци. Сега, при „новиот“ влез знае саде еден. Другите двајца, во меѓувреме заминале во ЗНАМ…

Но, најдобро решение и најдобра страна на целата прикаска е Сокол. Ништо не е случајно кај Венко, не се лажете. Прекрасен избор, мора да се признае. Нејсе што во тек е неговото судење за криминалот во Шутка како директор. И не, не се чудете што е дел од највиското партиско тело, башка и тоа што криминалци припаѓаат во криминално друштво, но Соколот има друга, есенцијална намена. Главна предиспозиција за член на ИО на СДС е неговото богато искуство. Сега, кога Коцевски веќе го нема, обвинителите ќе мораат да ги отворат фиоките со предметите за криминал на СДС гарнитурата која 7 години и е.. мајката на државата и државната каса. А, со отворањето на фиоките, ќе има многу затворања. На цела екипа од Бихаќка, кој од кој со полепливи рачиња.

Тука, настапува Соколот. Во меѓувреме, бидејќи се ситнат/бројат недели/денови до „дешавката“ на синхронзиирано и масовно „свирење клавир“ и домување во ШУТКА, тој со многу набиена агенда ќе и’ држи предавања на врхушката на СДС за тоа како најдобро да се снајдат во затворска средина. Златно искуство има пилето што пие вода крај Вардарот, непроценливо…

И мали Фрле не е случајно таму. Улогата на Јон е во меѓувреме истите тие идни затвореници да ги опушти со разноразни психотропни супстанци, затоа што биле под страшен притисок од она што им следува. А  Јуниор да ти бил експерт за тие работи.

Тренчевска, пак, била единствената која самоволно се нафатила на фунцијата. Толку и сечело. Никој друг не сакал да биде дел од тимот кој ќе ја однесе СДС во стечај.

Останатите ајвани, пак, сите да му должеле тешки пари на партискиот лихвар, арамбаша и капо ди тути капи. На Заев, нормално. Се гледаше по нивните ликови дека не сакаат да бидат таму, но што се мора, не е тешко…

Така што, драги мои, ништо не е случајно кај Филипче. Се’ напротив, е длабоко смислено и обмислено. До точка и запирка, велат. Повторно, од кој друг ако не од Црпко Муртинхаузен.

И така, Венко, за промена и за сефте, првпат кажа вистина. Да, мигранти ќе има, дефинитивно. Илјадници. Со „новото“ раководство како ултра-катализатор тој, всушност, го забрза и нивното доаѓање.

Добро позната е и рутата на мигрантите. Ништо веќе не е тајна.

Ќе мигрираат од СДС во ЗНАМ и Левица. Камповите веќе биле спремни, членските карти исто. Максим и Димче со раширени раце ги чекале МИГРАНТИТЕ од СДС.

Аирлија…

Најнови вести од Македонија Колумни

To top