Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Томовски:
-ВМРО-ДПМНЕ го цени трудот на нашите најстари сограѓани, кои тие го имаат вложено во државата и нејзиното градење, и заради тоа уште во првата година од мандатот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги зголемиме сите пензии за 5.000 денари.
Секој пензионер линеарно ќе добие по 5.000 денари покачување на својата пензија.
Со овој чекор трајно ќе се зголеми животниот стандард на пензионерите со ниски пензии, и нивниот доход ќе биде на ниво кое може да ги покрива основните егзистенцијални потреби.
Несериозни се замачкувањата на очи која ги прави оваа влада на пензионерите со покачувања од неколку стотици денари, со кои едвај можат да купат 5 литри млеко или една кутија апчиња.
Со 5.000 денари линеарно покачување кое ќе го направи ВМРО-ДПМНЕ пензионерите ќе може да бидат сигурни дека парите кои ги земаат како пензија ќе можат да ги покријат нивните месечни потреби за храна и лекови.
Пензионерите мора да знаат дека не се оставени сами на себе. ВМРО-ДПМНЕ мисли на пензионерите, и грижата кон нив ќе биде на високо ниво, рече Томовски.