Македонија НАД 300 СВЕДОЦИ

Тимот за истрага на кочанската трагедија се прошири на ЕДИНАЕСЕТ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области.

Тимот за истрага на кочанската трагедија се прошири на ЕДИНАЕСЕТ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Утрово се одржа координативен состанок со тимот јавни обвинители, на кој се соопшти дека со оглед на обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани во овој предмет согласно усвоен план на активности и динамика.

Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Јавниот обвинител побарал од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани. Во текот на денешниот ден обвинителите во Кочани преземаат дејствија за обезбедување докази.

Најнови вести од Македонија

To top