Македонија Реакција

Таравари: Фрлениот куршум има мафијашка порака, можете мене да ме убиете, но не можете да запрете народ!

Откако денеска во раните утрински часови беше пронајден куршум во дворот од неговата куќа, попладневo реагираше претседателот на Алијансата на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

Таравари: Фрлениот куршум има мафијашка порака, можете мене да ме убиете, но не можете да запрете народ!

Откако денеска во раните утрински часови беше пронајден куршум во дворот од неговата куќа, попладневo реагираше претседателот на Алијансата на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

„Полициски екипи денеска беа кај мене дома, како што видовте во медиумите, бидејќи таму беше пронајден куршум со кој беше испратена јасна заканувачка мафијашка порака. Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за тие политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент да замолчи нечиј глас се куршумите, куршуми кои ме потсетуваат на Италија од 1992 година каде мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе… Но, до тука ми е жал… тука завршува моето жалење и започнува мојата радост затоа што разбирам дека оние што ја држеа оваа земја како заложник се во очај на загуба! Секој што ќе остане без зборови, а му остана само куршумот е во голема неволја… На било кој што го фрлил тој куршум, му велам дека и тешка артилерија да користи, ПРОМЕНАТА ПОЧНА И НЕ МОЖЕ НИШТО ДА ЈА ЗАПРЕ!“, вели во својата реакција преку социјалните мрежи Арбен Таравари, претседател на АА.

Понатаму во реакцијата Таравари подвлекува: Можете мене да ме убиете, и тоа би било голема загуба за моето семејство и жал ми е што и моите деца го читаат ова…но вие би убиле само еден човек, а што ќе им направите на илјадниците и стотиците илјади луѓе кои веќе се на нозе?’

„Не можете да замолчите, да убивате, да запрете народ! Ви благодарам на сите вас што ме поддржувате! Срцето планина ми го направивте! Ја почнавте промената. Со или без мене – Промената се случи!“, пишува понатаму Таравари.

Инаку, откако Таравари ги известил членовите од неговиот кабинет, еден од нив случајот го пријавил во гостиварската полиција и потоа на местото на настанот започнала истрагата. Од полицијата потврдија дека е пронајден неиспукан куршум од автоматска пушка.

Најнови вести од Македонија

To top