Македонија Мендух Тачи

Тачи: Косово нема комодитет преку Самоопределување да влијае во друга држава

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, предупредува дека вмешувањето на косовската Самоопределување во изборите во Македонија може да биде опасен преседан. Според него, добро е што ЕУ не ѝ отвори пат на Албанија, бидејќи тогаш „ние тука би останале како деца сами во темниот двор“.

Не е ништо ново или не е ништо недозволиво политичка партија од Косово или од Албанија да искаже поддршка за некоја партија тука. Но, тоа е лош преседан кога таа партија (Самоопределување) е на власт. Мора да постојат многу изговори или алиби заради тоа што може од Србија или од Русија да има импликации во политичкото организирање на македонските партии, истакна Тачи.

Мислам дека поради тешкотиите што ги има, Косово нема таков комодитет за да врши таква интервенција. Затоа, не треба да им даваме аргументи на другите, на нашите противници и да ги легитимираме интервенциите, од Русија, на пример – рече Тачи на партиски собир во Тетово, потенцира лидерот на ДПА.

Што се однесува до претстојните парламентарни избори, Тачи рече дека неговата партија ДПА е подготвена за изборен натпревар.

Најнови вести од Македонија

To top