Македонија рочиштето за објава на пресудата закажано за 25 јануари

Судски совет ја делегираше новоизбраната апелациона судијка Александра Ристеска во Кривичен до објава на пресудата за „Ласкарци“

Судскиот совет на денешната итна 474-та седница донесе одлука новоизбраната судијка во скопска Апелација, Александра Ристеска, времено да биде упатена во Основниот кривичен суд Скопје, сѐ до објавувањето на пресудата за случајот „Ласкарци“.

Судски совет ја делегираше новоизбраната апелациона судијка Александра Ристеска во Кривичен до објава на пресудата за „Ласкарци“

Ристеска е член на судечкиот совет за предметот „Ласкарци“, поради што постеше опасност од враќање на предметот кој трае повеќе од четири години од почеток.

Рочиштето за објава на пресуда за случајот „Ласкарци“ е закажано на 25 јануари годинава.

Во случајот кој се однесува на автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени се обвинети Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Како и тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, кои се товарат за соучество во истото дело.

Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Александра Ристевска, заедно со останатите новоизбраните судии во Апелациониот суд Скопје денеска дадоа свечена изјава пред Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Судскиот совет на седница на 15 ноември ги избра Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани за судии од кривична област и Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани за судии од граѓанската област во Апелациониот суд Скопје.

Најнови вести од Македонија

To top