Македонија мвр со детали

Стафа барал 100.000 евра: Добил 50.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите.

Стафа барал 100.000 евра: Добил 50.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

-Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата, информира МВР.

Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите.

To top