-После средбата во Хиподром се упативме во Трубарево во Општина Гази Баба, каде заедно со пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, градоначалникот Бобан Стефковски остваривме средба во победничка атмосфера заедно со жителите на овој дел од Гази Баба.
Разговаравме на повеќе теми од секојдневието, за нивните проблеми и размислувања за изборите. Овде поддршката е голема, луѓето се силно расположени за победа на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска Давкова.
Заедно продолжуваме мотивирани и обединети како никогаш досега!
Македонија повторно твоја!
Промените во твои раце!, пишува на својата Фејсбук страница Мисајловски.