Македонија тет-а-тет средба на предлог на премиерот

Средба Мицкоски – Филипче во Влада

Филипче минатата недела побара лидерска на што од премиерот доби покана за тет-а-тет средба, која претседателот на СДСМ ја прифати. Од Владата вчера попладне соопштија дека имајќи ја предвид меѓусебната подготвеност за средба, таа е закажана за 14 часот.

Средба Мицкоски – Филипче во Влада

Премиерот Христијан Мицкоски и првиот човек на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска одржуваат средба во Владата. Филипче, според најавите, ќе му го образложи на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог.

Филипче минатата недела побара лидерска на што од премиерот доби покана за тет-а-тет средба, која претседателот на СДСМ ја прифати. . Од Владата вчера попладне соопштија дека имајќи ја предвид меѓусебната подготвеност за средба, таа е закажана за 14 часот.

„Тој може да го соопшти тој план и преку прес конференција, но доколку цени дека мене треба претходно да ме информира и запознае јас сум секогаш тука на располагање. Сериозните теми бараат сериозен пристап, така што еве оставам на нив доколку тие ценат дека навистина имаат таков план со кој сакаат мене да ме запознаат, јас сум подготвен во термин којшто тие мислат или тој мисли дека треба да бидам запознаен да го примам и да поразговараме на оваа тема“,– изјави пред четири дена Христијан Мицкоски, претседател на Влада, канејќи го на тет-а-тет средба, а не лидерска како што побара Филипче.

 

– Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочија од Владата.

 

Најнови вести од Македонија

To top