Македонија

СЕ ОГЛАСИ МАЈКАТА НА ГРАДОТ: До година ќе започнеме да украсуваме на 20 септември, во Скопје има дури 7 новогодишни елки, а и плоштадот е украсен!

Ние славиме Божиќ на 7-ми јануари, секоја година во исто време.

СЕ ОГЛАСИ МАЈКАТА НА ГРАДОТ: До година ќе започнеме да украсуваме на 20 септември, во Скопје има дури 7 новогодишни елки, а и плоштадот е украсен!

Како ќе оправдаат после мандатот, кога ќе треба да платат 300.000 евра за украсување за Нова година? Над 2 милиони евра земале изминативе години. Сега по јавен повик, украсувањето чини 30.000 евра. Ние славиме Божиќ на 7-ми јануари, секоја година во исто време. Јас им ветувам на граѓаните дека следна година од 20-ти септември ќе почнеме да украсуваме, за да биде навремено и да не се чувствуваат дека не сме почнале на време, изјави синоќа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако во претходниот беше на удат на критики поради украсувањето на градот.

Според неа, во земјава има посериозни проблеми како „крадење 30 години, приватизација, бркање илјадници луѓе од работа, тоа не е тема на разговор тоа што секој ден му ја цицаат крвта на народот, ама тема била елката зошто била 30 илјади евра“.

-Некој го боли што утре нема да може во градот. За мене поважно е сите овие ранливи категории на граѓани кои што имаат топол оброк и да имаат место каде да преспијат. Купивме две возила и сега имаме 11 за децата со попреченост и лицата со телесни и физички инвалидитетит, за да ги овозможиме превоз, рече Арсовска во емисијата „Тешки муабети“.

Како што рече градоначалничката, градот има седум елки и плоштадот е украсен.

Најнови вести од Македонија

To top