Македонија соопштение

СДСМ: Со СДСМ лозарите добиваат уште поголема поддршка, 9.600 денари по хектар и 100% зелена нафта

Традиционално пред големиот празник и заштитник на лозарите, Св. Трифун, до сметките на сите лозари се исплќаат дополнителна поддршка до 40.000 денари, по хектар и тоа дополнителни субвенции, или 28.000 денари и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка за претрпени штети по лозовите насади, до секој лозар и за винско и трпезно грозје.

СДСМ: Со СДСМ лозарите добиваат уште поголема поддршка, 9.600 денари по хектар и 100% зелена нафта

Со СДСМ лозарите добиваат уште поголема поддршка, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

Традиционално пред големиот празник и заштитник на лозарите, Св. Трифун, до сметките на сите лозари се исплќаат дополнителна поддршка до 40.000 денари, по хектар и тоа дополнителни субвенции, или 28.000 денари и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка за претрпени штети по лозовите насади, до секој лозар и за винско и трпезно грозје.
СДСМ од оваа година спроведува нови мерки за унапредување на лозарскиот сектор и поголема поддршка за лозарите. 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари. Од вкупната субвенција, лозарите добиваат 12.000 денари авансно и 48.000 денари дополнителна поддршка. Од оваа година, субвенциите се исплаќаат авансно, а поддршката за мерката зелена нафта е зголемена на 100%, за сите земјоделци. Лозарите сега добиваат 9.600 денари по хектар поддршка за зелена нафта. Продолжува поддршката со грантови за малите семејни винарии и малите дестилерии. Грижата за лозарството и винарството се потврдува со подготвениот нов закон за вино, кој на лозарите им обезбедува гарантирана откупна цена на винското грозје. Законот го зацртува идниот развој на овој сектор и предвидува нова посебна програма за поддршка, истакнуваат од СДСМ.

СДСМ продолжува со силна поддршка за лозарството и винскиот сектор, кои имаат стратешка економска важност, додаваат од СДСМ.

Најнови вести од Македонија

To top