Македонија апел

Прославувајте мирно и одговорно со алкохолот – здравствените установи со дежурни екипи за новогодишната ноќ

Министерството за здравство информира дека сите јавно-здравствени установи во Република Северна Македонија во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита кај пациентите.

„Со цел избегнување несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, апелираме до граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна. Спречувањето на интоксикацијата со алкохол на новогодишната ноќ е важно за здравјето на поединецот и за здравјето на најблиските“, наведува Министерството.

Воедно апелира, да не се користат пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди.

Најнови вести од Македонија

To top