Документите на ЦИА за финансиска понуда за првиот претседател на Република Македонија за промена на името ја покажуваат стратегијата и конзистентноста на грчката политика кога се работи за нејзини стратешки интереси. Тогаш не е важно колку се нуди и кому се нуди се до остварување на целта.
Во случајот со Киро Глигоров понудата почнала од 1 милион долари, а како посредник на грчкиот разузнавач генералот Николаос Грилакис се јавува тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски. Да, тоа е истиот Љубомир Фрчковски кого го следат бројни скандали, од атентатот на Глигоров, исчезнување кокаин, скапи пури, појалоци, Рејбан наочари, шверц со нафта и цигари и други криминали. Да, тоа е истиот Љубомир Фрчковски, татко на Јон Фрчковски, јавно познат корисник на кокаин, креаторот на бедни соопштенија и повремено портпарол на СДСМ.
Но, Фрчовски не се откажувал. Кон понудата имало и дополнителни подароци 100.000 долари, скапоцена амфора извадена од потонат брод во Егејското Море и скапоцен саат со златна гривна, кои Глигоров заедно со милионот со индигнација ги одбил.
Тоа што го покажува документот на ЦИА е уште една понуда, 100 пати поголема, 100 милиони долари за истата цел, промена на името. И таа била одбиена!
Знаејќи ја грчката трговска дипломатија ретко кој нема да поверува дека таквиот непристоен предлог продолжил и за следните претседатели, премиери, шефови на дипломатијата и други македонски авторитети. Ако ги имало јасно е дека сите биле одбиени, од сите нив.
Се до клучниот момент!
Преземање на лидерската палка во СДСМ од страна на Зоран Заев и волшебното ,,никнување‘‘ на вилата во Неа Потидеа, на првиот крак на Халкидики.
Прашањето е колку чинело менувањето на ставот од познатата изјава на Заев додека беше во опозиција. Изјава која и денес го следи иако Филипче сака да мислиме дека Заев е во политичка пензија.
„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред Парламент и да бара промена на Устав заради промена на уставното име‘‘, е изјавата на Заев по која стана Премиер.
И патот до договор за промена на името е отворен!
Иако револтот на граѓаните е огромен, веројатно е огромна и грчката финасиска понуда, многу поголема од ,,бедните‘‘ 100 милиони долари за Глигоров, 15 години претходно.
Кога од владеачката партија ќе прашаат, колку пари земале Зоран Заев и неговиот ученик и другар Венко Филипче за промената на името, не е без основа. Оти навистина е необјасниво како за 7 години енормно се збогатија. Како едниот купува удели во авиокомпании, гради во Дубаи, на чуден начин ги купи речиси сите компании на југоистокот од земјава и слично. Другиот бизнисот го покрива со златна виза од Обединетите Арапски Емирати.
За случајот граѓаните заслужуваат одговор оти е круцијално прашање за нив и за државата. И поважно, ако земале пари тие се нелегални и заслужуваат кривична одговорност.
Веројатноста да признаат е ,,нула‘‘. Но, затоа во некое друго време, можеби многу скоро некои други декласифицирани документи на ЦИА, можеби од некој друг Претседател ќе и откријат на македонската јавност колку чини продажбата на светото име Македонија и предавството на татковината. За такви дела казната се знае!
ПС
И кога еден превртлив политичар, како Жерновски во одбрана на Заев и Филипче ќе повтори: ,,Зошто не го вративте името?‘‘, тогаш како неуспешен дипломат во обид треба да знае дека злото нанесено со промена на уставно име е депонирано во ООН, запишано кај сите меѓународни организации, вклучително и НАТО, и усвоено од околу 200 држави во светот. Тоа што за нас беше зло, за нив беше олеснување. Оти ниту еден од нив ниту бил, ниту ќе биде Македонец. А веројатно така не се чувствува ниту Андреј Жерновски.