Македонија да се поттикне интересот за вакцинација

Препорака за прогласување епидемија во Скопје, потврдени вкупно 18 случаи на голема кашлица на ниво на држава

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера на прес-конференција рече дека прогласувањето на епидемија звучи малку страшно, но, дека реално треба да се олесни справувањето со ризикот што доаѓа со оваа болест.

Препорака за прогласување епидемија во Скопје, потврдени вкупно 18 случаи на голема кашлица на ниво на држава

По 18 потврдени случаи на голема кашлица, Комисијата за заразни болести препорача прогласување епидемија во Скопје. Во изминатите денови бројот расте, особено на територија на град Скопје, каде се потврдени 14 случаи.

Се предлага вакциналните пунктови да работат во две смени, а дополнително да се работи и во сабота. Препорака е и да се забрани прием на невакцинирани деца за пертусис во градинките.

Комисијата очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е заштита на најмалите.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера на прес-конференција рече дека прогласувањето на епидемија звучи малку страшно, но, дека реално треба да се олесни справувањето со ризикот што доаѓа со оваа болест.

– Во таа насока моментално го подготвуваме, односно очекуваме да излезе подготвено упатство за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини, рече Петличковски.

Во државата, како што додаде, е незадоволително нивото со опфатот на вакцинација против оваа болест.

Најнови вести од Македонија

To top