Македонија БУЏЕТ ЗА СИТЕ

Попов: Ребалансот на буџетот е јасен пример дека работиме на реални и применливи мерки

Буџетското прекројување за годинава бележи зголемување од 300 милиони денари директна поддршка за инфраструктурни проекти кои ќе создадат работни места и ќе ги подобрат условите за живеење. 

Предвидени се 307 милиони денари за 120 нови автобуси. Овие пари не е само за главниот град! Секој поголем град ќе добие модерни возила, прилагодени за ученици, пензионери и лица со попреченост.

Попов: Ребалансот на буџетот е јасен пример дека работиме на реални и применливи мерки

Ребалансот на буџетот е јасен пример дека работиме на реални и применливи мерки. Не делиме ветувања, туку распределба на пари за патишта, железници, автобуси, болници, градинки и училишта, соопшти пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

Буџетското прекројување за годинава бележи зголемување од 300 милиони денари директна поддршка за инфраструктурни проекти кои ќе создадат работни места и ќе ги подобрат условите за живеење.

Предвидени се 307 милиони денари за 120 нови автобуси. Овие пари не е само за главниот град! Секој поголем град ќе добие модерни возила, прилагодени за ученици, пензионери и лица со попреченост.

Се со цел јавниот превоз да стане право, а не привилегија.

Дополнителни 307 милиони денари се распределени за локални и регионални патишта. Села кои со децении чекале асфалт и достоен пат, конечно ќе бидат поврзани!

За модернизација на пругите и железничкиот систем, ребалансот предвидува нови 106 милиони денари. Пари за безбедни, еколошки и ефикасни железници. Стратешка инвестиција во транспортот, а со тоа и во економскиот развој на долг рок.

 

Почитувани,

Прекројувањето на државната каса не застанува тука. Помеѓу приоритетите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е локалниот развој и образованието.

Во образованието сериозно се инвестира од сите аспекти! За училишта, факултети и студентски домови се предвидени цели 1,79 милијарди денари.

Додека пак за општините ќе се одвојат 1,3 милијарди денари. Чекор напред кон решавање дури и на секојдневните предизвици на граѓаните, а со цел создавање на локални заедници кои се привлечно место за живеење.

 

To top