По целодневен молк, кој во јавноста се протолкува како оддавање сочувство за резилот од силната лумперајка на претседателот Филипче со ексот Заев во Дубаи, денеска, конечно, е пробиен молкот во опозициската партија. Се јави потпретседателката Сања Лукаревска, која вчера не ја видовме на фотографиите од дебаклот на Извршниот и Централен одбор на СДСМ, на кој отусуствуваа редица извикани партијски фаци.
„Заврши медениот месец на Владата, видовме одредени дисонантни тонови, зошто едно слушавме кога беа во опозиција и тоа беше бранот на којшто се водеа нивните политики и оние гласови што ги земаа“, рече Лукаревска.
Таа потенцираше дека ДПМНЕ многу често се однесува како да се во опозиција, па наместо претставниците на владејачката партија во парламентот, да даваат одговори, тоа мора да го прави опозицијата. Лукаревска се осврна и на буџетот за 2024 година, за кој ДПМНЕ обвинуваше, но и за сегашниот за 2025 за кој треба да се расправа.
-Ние како СДСМ имаме конзистентен став и во делот на просечната плата, и во делот на минималната плата, а бевме обвинувани постојано дека расипнички и душмански сме трошеле од буџетот, во 2024, е сега следната недела ќе почне расправа за новиот буџет за 2025, па тогаш не знам кој аргументи ќе ги каже власта”, рече Лукаревска.
Не кажа зошто скоро половина раководство вчера не беше на позициите во Централниот и Извршниот одбор на партијата, ниту дали бојкотот е одраз на нивната лутина за скандалите на претседателот на СДСМ. Не ја коментираше ни дубајската лумперајка на Филипче и Заев.