Македонија

По 7 години девастација и тежок арамилак, СДСМ понуди 3 политики за повеќе пари за граѓаните

СДСМ понуди „три политики“ за повеќе пари кај граѓаните. Заборавија да објаснат, чуму за сите седум години на власт, односно 2.555 денови владеење или 63.875 часа, ни една минутка од 3 милиони 832 илјади и 500 минути кои им беа на располагање, не им „текна“ за овие мерки, ниту за каква било друга мерка со која би им помогнале на истите тие семејства и граѓани.  Позитивно е што почнале да размислуваат. Очигледно, им годи да бидат во опозиција, велат познавачите…

По 7 години девастација и тежок арамилак, СДСМ понуди 3 политики за повеќе пари за граѓаните

 

СДСМ нуди три политики за повеќе пари кај граѓаните. Се грижевме за граѓаните кога бевме на власт, продолжуваме и во опозиција, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција. Понудија:

„– Зголемување на минималната плата на 450 евра веднаш.

– Укинување на ДДВ за храната што ќе значи заштеда до 2.000 денари за секое семејство.

– Итна примена на законот за нефер трговски практики за спречување на раст на цените.

Власта не треба води инает туку да ги прифати овие решенија затоа што се добри за граѓаните.

Со законите на СДСМ, секое семејство ќе има повеќе пари во семејниот буџет.“ изјави Кузеска.

Заборавија да објаснат, чуму за сите седум години на власт, односно 2.555 денови владеење или 63.875 часа, ни една минутка од 3 милиони 832 илјади и 500 минути кои им беа на располагање, не им „текна“ за овие мерки, ниту за каква било друга мерка со која би им помогнале на истите тие семејства и граѓани.

Очлигледно, по седум години лежење, арамилак и девастација на Македонија, СДСМ почнале да размислуваат и да работат нешто, колку и да е неостварливо и недоволно обмислено. Очебијно, им годи да бидат во опозиција, велат познавачите на состојбите во државата. Ако продолжат вака, можеби и ќе го спречат слободниот пад на рејтингот кој им се случува со години. А поверојатно, нема…

Дел од познавачите се сомневаат дека трите идеи лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги добил како идеја во Дубаи, каде ги разработил со екс лидерот Зоран Заев…

Видео Дубаи

To top