Македонија Едно на власт, друго во опозиција

Пишман аџии: Партијата која во 2021-та година драстично ги намали казните за прекршоци во сообраќајот, сега ќе бара нивно зголемување…

„Секој еден несакан настан треба да не поттикне да размислуваме за подобрување на системот.“ Во превод, логиката вели дека барем според она што го кажа Филипче, требаше  ли да се случи трагедијата со Фросина, претходно во 2022-та со Викторија пред Сити Мол, можеби и 6-месечната казна за Кичеец кој предизвика сообраќајка со смртни последици на Стража, за да на СДСМ им текне дека ја утнале со намалувањето на казните за дела во сообраќајот и измените кои ги направија во Законот за безбедност во истиот?

Пишман аџии: Партијата која во 2021-та година драстично ги намали казните за прекршоци во сообраќајот, сега ќе бара нивно зголемување…

СДСМ, партијата која додека беше на власт драстично и крајно популистички ги намали казните за прекршоци во сообраќајот во 2021-та година, сега се пишмани и ќе бара нивно зголемување во 2025-та. Ова премислување на партијата од Бихаќка го соопшти лично нивниот претседател Венко Филипче, кој беше министер за здравство во владата која ги намали казните за сообраќајно дивеење.  Првиот предлог бил да има полицаец пред и во училиштата во текот на наставата.

„Вториот предлог ќе биде сериозно заострување на казните за тешките прекршоци во сообраќајот кои дури ќе вклучуваат и одземање на возилото по примерот на некои европски земји“, изјави моторџискиот совозач на Зоран Заев.

На новинарско прашање зошто партијата СДСМ ќе бара зголемување на казните во сообраќајот бидејќи додека беше на власт во 2021 година ги намали преку законски измени за безбедноста во сообраќајот, Филипче едвај се снајде и штуро одговори:

„Секој еден несакан настан треба да не поттикне да размислуваме за подобрување на системот.“

Во превод, логиката вели дека барем според она што го кажа Филипче, требаше  да се случи трагедијата со Фросина, претходно во 2022-та со Викторија пред Сити Мол, можеби и 6-месечната казна за Кичеец кој предизвика сообраќајка со смртни последици на Стража, за да на СДСМ конечно им текне дека ја утнале со намалувањето на казните за дела во сообраќајот?

Тоа ли е тој „Секој еден несакан настан треба да не поттикне да размислуваме за подобрување на системот“ на Филипче?

Во петок во Собранието ќе се одржи јавна расправа со цел анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. Барањето за одржување на јавната расправа е на иницијатива на владејачките ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.

Најавата за одржување јавна расправа за зголемување на безбедноста во сообраќајот доаѓа во момент кога во фокус на јавноста и натаму е трагичната сообраќајна несреќа од минатата среда, во која по удар од автомобил на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје загина 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

Најнови вести од Македонија

To top