На само шест месеци пред редовни претседателски избори во Република Македонија се интензивираше внатрепартиската трката во СДСМ за прв човек на државата.
Во моментов од она што се зборува во јавноста и и со оглед на себепромоцијата, владејачката партија има двајца најсериозни кандидати за функцијата претседател на државата.
Оливер Спасовски министер за внатрешни работи и актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Двајцата во изминатиот период ја интензивираат внатрепартиската битка со оглед на настаните кои ги имаат, па така секојдневно можеме да ги видиме на разни места, од настани за културата, средба со високи претставници на други држави, бизнисмени, па се до посета на теретани и спортски натпревари, а сето тоа е пропатено од нивните ПР служби.
Ако малку се анализираат нивните социјални мрежи, ќе може да се забележи дека себепромоцијата и „додворувањето“ на партиското членство е доведено на максимум.
Партиски извори се погласно говорат дека првиот човек на полицијата, Оливер Спасовски се повеќе тежнее кон функцијата шеф на државата.
Имено, Спасовски секојдневно на социјалните мрежи објавува постови од различни настани, од изградба на полициски станици, посета на спортски натпревари на репрезентацијата, па се до присуство на настан организиран од фирмата на Кочо Анѓушев „Феро Инвест“.
Во понеделникот македонската сениорска фудбалска репрезентација го одигра последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024, а истиот беше искористен повторно за личен ПР. Спасовски со видео најпрво им се заблагодари на припадниците на МВР за сработеното, а потоа и објави фотографии дека присуствувал на мечот.
Видеото може да го погледнете ТУКА
ПР службата на министерот добро ја искористи и посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, па така со серија на видеа и постови не изостави уште една лична промоција.
Линк од видеото погледнете ТУКА
Засилени ПР активности има и кај актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Пендаровски по се изгледа сака да добие втор мандат за да остане во Вила Водно. Тој покрај „додворувањето“ на членството на СДСМ, присуствува на средби каде гостин е американскиот амбасадор во Република Македонија, Анџела Прајс Агелер, актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. Во својот кабинет постојано има прием на странски амбасадори, ученици од училиштата ширум Македонија, но Пендаровски вчера влезе и во теретана.
Претседателот вчера бил и во теретана во скопската населба Скопје Север, од каде се уште не објавил фотографии, но тоа го сторија неговите домаќини.
View this post on Instagram
Ова се само дел од себепромоциите на двајцата најсериозни кандидати за претседател на државата од СДСМ, што ќе се случи во иднина останува да видиме.
Но според извори во СДСМ, завршен збор не кажала и Радмила Шекеринска која можеби сака да ги следи и стапките на својот ментор, Барнко Црвенковски.
Дали ова ќе ги обедини или уште ќе ги разниша односите во владејачката партија останува да видиме?!