Македонија Карбинци

Паунов до Спасовски: Ниту една закана која ја испраќате нема да ме исплаши да ја кажам вистината за вчерашниот обид за киднапирање

„Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани“.

Паунов до Спасовски: Ниту една закана која ја испраќате нема да ме исплаши да ја кажам вистината за вчерашниот обид за киднапирање

Јавноста во Македонија мора да ја знае вистината! Во текот на вчерашниот ден во ООУ „Страшо Пинџур” Карбинци се случи немил настан кога непознато лице со возило марка Голф со скопски регистарски таблички се обиде да намами и заведе во своето возило 2 ученици од 9-то и 6-то одделение, порачува Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци.

-Од исказите на учениците и сведоците но и од доказот што едниот ученик земал пари од непознатото лице (кои подоцна ги предал на полицијата) и од надзорните камери се утврдува дека имало таков обид. Кои биле мотивите? Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на „кафе” со малолетно девојче од 13 години и притоа девојчето видно вознемирено го пријавува случајот во училиштето а училиштето до МВР, да се земе како случај кој не бил обид за такво нешто? Наместо брзата реакција на училиштето да биде аларм за МВР, се случи спротивното, МВР демантира дека воопшто имало ваков обид, истакна градоначалникот.

Паунов порача:

„Ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците кои ги испраќате нема да не исплашите да реагираме на вакви непосакувани ситуации. Моја грижа се жителите на мојата општина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина! Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани.

Кога имате пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај ова треба да биде сфатено и постапено со нај сериозен пристап.
Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци“.

Најнови вести од Македонија

To top