Македонија Некој овде лаже

Опозициска какафонија: ДУИ и СДСМ да се договорат – Реагирала или не полицијата при дивеењето по скопските улици?

Опозициската какафонија е повеќе од очигледна, исто како и намерата инцидентот да се пренасочи на „сопствената воденица“. Ако како непристрасен посматрач ги погледнете двете соопштенија на СДСМ и ДУИ останувате во дилема: Имало, побогу, полициска реакција на скопските улици или не?

Опозициска какафонија: ДУИ и СДСМ да се договорат – Реагирала или не полицијата при дивеењето по скопските улици?

Реагирала или не македонската полиција при вчерашните инциденти по скопските улици? Ова е дилемата која се поставува кога ќе ги видите реакците на ДУИ и СДСМ. Првите тврдат дека вандалот го искинал македонското знаме токму заради острата полициска реакција, СДСМ пак обвинува дека немало полициска реакција? Како тоа партијата на Ахмети виде реакција на полицијата, а онаа на Филипче децидно реагира дека ја немало? Или, поверојатно,  кому – како одговара, па некој некрофилски поентира од вандализмот врз знамето?

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и ширум светот. Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.

Во соопштение полно со хипокризија, партијата на Ахмети ја обвини полицијата дека е виновна за вандалскиот чин во кој сторителот се изживува со македонското државно знаме. Вистинскиот проблем е што за оние кои беа присутни на „прославата на албанското знаме“ на скопските улици, беше повеќе од видлив печатот на опоизциската албанска партија која никако да се помири дека е во опозиција.  Само сетете се на катадневните најави за „дестабилизација“ од страна на Ахмети. А, подобро искористување и инфилтрација за дневно-политички поени и создавање немир кај граѓаните од вчерашниот настан, немаше, нели?.

„Недостигаше само уште да замафтаат со партиските знаменца и да ги покажат маичките од митинзи под јакните“. Ова е личен впечаток на очевидец на настанот, кој во сведоштвото за КУРИР вели дека – за жал, бил сведок на вчерашното агресивно и анционал-шовинистичко дивеење по скопските улици, настан кој предизвикла силен револт и бес кај него.

Дволичноста на ДУИ еруптира во моментот кога по осудата на полицијата, во вториот дел од соопштението го осудуваат и чинот на изживување со државниот симбол.

Истовремено, СДСМ пак цело утро ја напаѓа владата, МВР, министерот Тошковски и премиерот Мицкоски за недостиг на полициска реакција:

„Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Панче Тошковски, очигледно целосно потфрли во превенцијата и контролата на ситуацијата. Граѓаните имаат право да прашаат – зошто полицијата не беше присутна и зошто немаше брза и одлучна интервенција за спречување на овие инциденти?“ се вели во соопштението на СДСМ.

Опозициската какафонија е повеќе од очигледна, исто како и намерата инцидентот да се пренасочи на „сопствената воденица“. Политизацијата и евтините дневно политички поени одамна се македонско секојдневие, исто како и евтинотијата, проѕирноста и патетиката во опозициското дејствување во изминатите пет месеци. Очигледно е дека многу им недостига власта, премногу. А, Македонија, таа никогаш и не им била битна…

 

Најнови вести од Македонија

To top